Врие во Милан, Гатузо вели: Сами си удираме шлаканици!

by Fokus

По синоќешниот пораз од Торино, калчолигашот Милан се наоѓа во лоша состојба а го изгуби и четвртото место кое водеше во Лигата на шампионите.

Прв на удар е стратегот на „росонерите“, Џенаро Гатузо, кој призна дека неговата екипа „ја изгубила душата“.

„Ни недостасува смиреност и серија на добри резултати, со цел да ја вратиме самодовербата. Сами си удираме шлаканици, како против Парма, така и против Торино. Треба да веруваме до крајот. Во овој момент, мора да ја победиме Болоња која игра одлично во последно време“, истакна Гатузо.

По денешниот состанок, одлучено е Гатузо да остане на кормилото на тимот од Милано до крајот на сезоната, затоа што тешко кој стратег би прифатил да седне на жешкото столче на четири натпревари пред крајот на првенството.

Поврзани новости