Врховниот суд на Франција одобри верски церемонии со повеќе од триесет верници

by Fokus

Владата на Франција мора во рок од три дена да ја промени својата одлука за бројот на верниците кои можат да присуствуваат на верските церемонии, одлучи денеска Државниот совет (Врховен управен суд), јави дописникот на МИА.

Католичката црква, која преку Конференцијата на епископите во Франција и архиепископот во Париз, Мишел Опетит, сметаа дека ова ограничување е непропорционално и дека слободата на вероисповедта не е од „иста природа како и другите “.

Но, ако останат затворени кината или театрите, а во црквите ќе можат да присуствуваат повеќе од 30 верници тогаш слободата на вероисповедта има посебен статус и бара посебна заштита, повеќе од другите слободи на изразување.

Поврзани новости