Врховниот суд ја одложи седницата за „Монструм“, не се појави адвокатот Рауфи

by fokus 12:07
12:07

Врховниот суд денеска ја одложи јавната седница за случајот „Монструм“, на која требаше да се расправа по жалбите на осудените за масакрот кај Смилковското езеро, заради отсуство на бранителот Насер Рауфи.

Новиот закажан термин за судењето е деветти јуни во 11 часот.

- Advertisements -

Обвинителката Лилјана Спасовска побара седницата да се одложи на неопределено време, сè додека не се прибави дописот што го побарал Врховниот суд на шести април до СЈО за прибавување нови докази.

Претседателот Јово Вангеловски, пак, тоа барање го одби, а обвинителката Спасовска реагираше дека не треба да се расправа се додека не се прибават сите факти.

 

Поврзани новости