Временска прогноза за наредните пет дена

by fokus

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови постојат услови за појава на магла, особено во Скопската котлина. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста, која што во доцните попладневни и во вечерните часови во крајните западните и северозападните предели ќе услови врнежи од дожд кои во сабота ќе се прошират насекаде. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 0 до 8 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла, која може да се задржи и претпладне. Попладне умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Слаб јужен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната дневна до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота нестабилно време со врнежи од дожд, кои во утринските и претпладневните часови ќе бидат поинтензивни во западните предели, а попладне во источните и југоисточните предели, локално до 30 литри. Максималните температури од 6 до 16 степени. Во недела и понеделник доста студени утра со утрински температури од -2 до 6, односно од -5 до 3 степени. Во текот на денот претежно сончево со максимални температури од 6 до 16 степени во недела, односно од 5 до 15 степени во понеделник. Студено утро и во вторник со температури од -6 до 2 степени, претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста и температури од 4 до 14 степени.

Поврзани новости