Временска прогноза: Променливо облачно со локален дожд

by Фокус

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, најавуваат од УХМР.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе бидат во интервал од минус еден до пет степени, додека дневните ќе се движат од шест до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен северозападен ветер.

Утре се очекува студено време – претпладне променливо облачно, во текот на денот со подолги сончеви периоди.

Поврзани новости