Време е за историски договор меѓу Косово и Србија, смета Ахмети

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од Приштина порача дека дојде време Србија и Косово конечно да потпишат историски договор.

-Постојат настапи меѓу Косово и Србите кои не се лесна тема на разговор, но потребен е историски договор меѓу двете страни. Проблемот не е само во Косово, мора да се направи помирување – кажа Ахмети.

Воедно, тој се осврна и на рускиот претседател Владимир Путин, изјавувајќи: „Путин не е болен, тој има царска доктрина, голема идеологија“.

Поврзани новости