Вработуваат психолози како компјутерски инженери во Академијата за судии?

by fokus

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Службен весник објави нова систематизација, според која на места за инженери за информатичка технологија (ИТ) ќе вработува психолози и лица со вид на образование „наука за јазикот“, пишува порталот Сакам да кажам.

Дипломиран психолог се бара и за место раководител на Одделот за статистики, евалуација и анализа. Но, тој нема да врши психоанализа на кандидатите за судии и обвинители што следат обука, ниту на предавачите и членовите на управниот одбор на Академијата, туку според објавеното, треба да ја надградува и модернизира базата на податоци на Академијата, да изготвува статистички прегледи, внесува податоци од одржани настани итн.

Целиот текст прочитајте го тука.

Поврзани новости