Вработените во МВР ќе донираат по 100 денари за поплавените колеги

by fokus 18:01
18:01

Вработените во Министерството за внатрешни работи ќе донираат по 100 денари од месечната плата како помош за своите колеги погодени од поплавите во Скопско, соопшти денеска МВР.

„Со цел да им се помогне на нашите колеги Министерството и Синдикатот покренуваат повеќе акции. Во тек е акција за заддршка на платата на вработените во МВР од по 100 денари, кои ќе бидат доделени на сите вработени во МВР кои се оштетени од поплавите. Синдикатот од солидарниот фонд , дополнително ќе додели по една просечна плата за настраданите членови на синдикатот. Од друга страна, пак, Министерството и Македонскиот полициски синдикат организираат акција за дистрибуција на специјални маски за заштита од бактерии и вируси и медицински ракавици за сите ангажирани колеги кои пружаат помош на оштетените во поплавата“, стои во соопштението од МВР.

Според податоците констатирани на терен, во поплавите оштетени бил домовите на 135 припадници на МВР.

Поврзани новости