Вработените во „Југохром” на принуден одмор, па на протести

by fokus 22:08
22:08

Откако „Југохром” ги исклучи печките бидејќи не постави филтри за прочистување, вработените заминаа на принуден одмор.  Овој договор важи само за ноември, а што ќе биде со нив после крајот на месецов не е одлучено.

– Успеавме да издејствуваме од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома. За наредните месеци не се знае судбината на вработените, но ние ќе продолжиме да преговараме со раководството на комбинатот – изјави Бајрам Амити, претседател на синдикатот.

- Advertisements -

Тој најави дека во наредниот период планираат да организираат протести, на кои ќе побараат фабриката повторно да се отвори.

– Ќе организираме протести и други видови притисоци за да смени одлуката на Министерствотото за животна средина, „Југохром“ да биде затворен. Во периодот што следува ќе се докаже дека „Југохром“ не е најголемиот загадувач на воздухот, кој ќе биде енормно загаден и покрај неработењето на нашата фабрика – изјави Амити.

Инаку, „Југохром“ прекина со работа откако Инспекторатот за животна средина донесе одлука за затворање на фабриката, поради пробивањето на двегодишниот рок за изградба на филтри за прочистување, кој истече на 31 октомври годинава.

Поврзани новости