Вработените во Еурокомпозит в понеделник добиваат плата

by fokus

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

-Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред владата и во Прилеп,  од денеска веќе се наоѓаат на своите работни места, изјави Бошњаковски.

Роберт Богданоски, претседателот на синдикатот на „Еурокомпозит“ синоќа објаснуваше дека точка на сопнување бил рокот за исплата на платата за вработените.

– Остваривме средба со премиерот Заев. Се согласуваме на предлогот во рок од три месеци да тече постапката за решавање на состојбата со фабриката, да се распише тендер и да се објави за да се пријават стратегиски партнери зашто имало три-четири заинтересирани комапнии. Во меѓувреме да почне да се реализира и постапката за 100 до 120 вработени да заминат технолошки вишок. Единствено не се согласуваме за исплата на платата во рок од 30 дена. Доколку веднаш ни се исплати плата ние ќе се вратиме на работните места, изјави Богданоски.

Поврзани новости