Вработените се вратија во „Сити мол“, забранет влез за новинарите и посетителите

by Фокус

Сопствениците на дуќани и трговците може да влезат во трговскиот центар „Сити мол“, но влезот и натаму останува забранет за посетителите и за новинарските екипи, пренесе репортерот на Алсат од теренот.

Полицијата сѐ уште не може да каже дали дојавата за бомба е лажна или не, но просторот околу трговскиот центар сѐ уште е под полициско обезбедување.

Од МВР соопштиле дека специјалните екипи излегле на теренот веднаш штом службите од трговскиот центар алармирале во полиција за анонимната дојава за бомба.

Поврзани новости