Вработените со Рамковниот договор, кој десет години седеа дома и земаа плата, конечно ќе тргнат на работа, односно набрзо ќе бидат распоредени на работни места на кои ќе мораат да се појавуваат на работа.
-Вчера на 26-та седница на Владата, се усвои нацрт-законот за систематизација на административните службеници вработени преку програмата за правична и соодветна застапеност, Програма К-5.
Целта на законот е да се реши 10 годишниот наметнат проблем и да се
оствари програмата на владата без никакви дополнителни финансиски
импликации. Административните службеници ќе бидат распоредени во органите на локалната и државната управа, како и во другите државни тела основани во согласност со Уставот и законот, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, најдоцна во рок од 15 дена по влегувањето во сила на законот, ќе предложи план на Владата за побрзо распределување на Рамковно вработените.