Вработени во УЈП ќе даруваат крв по повод Денот на даночниците

by fokus

Во рамките на програмата за одбележување на „Денот на даночниците“, вработените во Управата за јавни приходи ќе даруваат крв во понеделник на 15 пунктови низ Македонија  и ќе донираат хуманитарен прилог во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца – Битола“.

Настанот се реализира во рамките на програмите за општествена одговорност на УЈП и за одбележување на Денот на даночниците.

„Поттикнати од желбата да покажеме поинаква одговорност и да дадеме свој придонес кон заедницата и кон најранливите групи на кои помошта им е најпотребна“, велат од Управата.

Поврзани новости