Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на ковид-19

by Fokus

Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје, која на 24 мај преку скринингот во оваа установа е запишана со позитивен резултат, е негативна на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

„Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во Геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и во Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг“, се наведува во соопштението.

Преку скринингот што почна на 13 мај досега се направени 2 248 тестови.

Поврзани новости