Вработена на клиники била нападната од својот колега

by Fokus

Вработена на скопските клиники била нападната од својот колега, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 14.55 часот во Полициската станица Центар, С.Џ. (33) од Скопје, вработена во Клинички центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавила дека истиот ден околу 12.00 часот во Клиничкиот центар физички била нападната од лицето П.Р., кој исто така е вработен на клиниката.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости