Вработен во УЈП уапсен за поткуп

by Fokus

Вработен во Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево во Скопје е уапсен под сомнение за примање поткуп.

Според извори на истрагата, Љ.С. е уапсен во кафуле во трговскиот центар Зебра во Скопје, каде од женско лице примил коверт.

Од Министерството за внатрешни работи за “Фокус” ја потврдија информацијата,  но детали најавуваат за утре.

Поврзани новости