Вработен во прилепскиот суд: Корона вирусот го добив на работа, да се тестираат сите од околината

by Фокус

Прилепчанецот Рубин Лефтер, кој работи во прилепскиот суд, реши јавно да објави дека е заразен од корона и оти е хоспитализиран во прилепската болница. Притоа, тој побара сите кои имале контакт со него да се тестираат.

„Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работат во Основно Јавно Обвинителство во Прилеп и Основен суд во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почувстуваат било какви симптоми да се јават во Центарот за Јавно здравје. Вирусот го добив на работа, при контакт со вработените во Основно Јавно Обвинителство во Прилеп. Во периодот од 11 до 17 март бев на работното место , од 18 март се наогам во самоизолација како и моето семејство“, напиша тој на фејсбук.

Поврзани новости