Вработен во општина Виница нанел штета од речиси 4 милиони денари со несовесно работење

by fokus

Вработен во општина Виница доби кривична пријава, поради сторени две кривични дела „несовесно работење во службата“, при што го оштетил буџетот

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Г.(62) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата“. Во периодот од 20.12.2018 до 15.03.2019 пријавениот, вработен во општина Виница, со работни задачи поврзани со постапка за отуѓување на градежно земјиште, не презел никакви мерки и активности за обезбедување на банкарска гаранција депонирана од најповолниот понудувач. Исто така, на 13.03.2019, пријавениот, и покрај тоа што од банка бил известен дека банкарската гаранција од правното лице била повлечена, не презел никакви дејствија за нејзино обезбедување до завршување на управната постапка. Со ова, пријавениот на општина Виница нанел штета од 3.945.760 денари.

Поврзани новости