Вчера во 16.50 часот во полициската станица во Пробиштип, З.А.(54) пријавил дека околу 14.50 часот во работната просторија во одделението за одбрана при Министерството за одбрана – Пробиштип влегол М.И.(45) од Пробиштип вработен во секторот за туризам и услуги при Министерството за одбрана во која канцеларија се потпишувал дека се има јавено на работа.
Во тој момент М.И. почнал да упатува сериозни закани по животот и телото кон присутните вработени , упатувајки и пцовки, а потоа се упатил кон Г.А.(46) од с.Злетово и му удрил еден шамар и понатаму продолжувајки со закани кон останатите присутни. М.И. вакви закани кон вработените упатувал повеќе пати.
Лицето е повикано во Полициска станица, во моментов се врши разговор со него. Се работи на целосно комплетирање на настанот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.