Вработен во ЈСП позитивен на корона вирус

by Fokus

Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на корона вирус, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие.

Како што порачаа оттаму, станува збор за лице кое не било во контакт со колегите повеќе од две недели, со оглед на примена на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица.

„Лицето не било вклучено во извршување на јавниот превоз, туку е дел од помошно-техничкиот персонал (паркирач) кое било во ограничен контакт со останатите вработени лица“, велат од ЈСП.

Пет лица вработени во ЈСП-Скопје, кои исто така се дел од помошно-техничкиот персонал, се во самоизолација, откако било пријавено дека имале контакт со лица кои претходно биле во непосреден контакт со лица вратени од патување од земја со среден или висок ризик.

Поврзани новости