Вработен во Градски паркинг поставил “шепа“ на автомобил па почнале да го тепаат

by Fokus

Вработен во Градски паркинг бил нападнат откако поставил “шепа“ на автомобил. Инцидентот се случил по кратка расправија помеѓу две лица кои биле дојдени со возилото и вработениот па го нападнале.

„На 14.09.2018 година во 12,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Дебарца“ пред угостителски објект, С.М.(27) и К.М.(54) физички го нападнале Г.Х.(45)- вработен во Градски паркинг. До физичкиот напад дошло по претходна расправија во врска со поставена “шепа“ на возило “Пежо 306“ со кое биле двајцата напаѓачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, порачаа од МВР.

Поврзани новости