Вработен во Агенција за обезбедување пронајден мртов пред „Македонски Телеком“ во Охрид

by fokus

46-годишен жител на Охрид бил пронајден мртов пред влез на објектот на „Македонски Телеком во Охрид. Телото на починатиот го пронашол вработен во „Телеком“ Охрид.

„Во Полициската станица Охрид, синоќа во 21.34 часот вработен во „Телеком“-Охрид, пријавил дека на влез во објектот на „Македонски Телеком“ на ул.„Партизанска“ бил пронајден починат М.С.(46) од Охрид, вработен во Агенција за обезбедување,  која била задолжена за обезбедување на објектот. Од страна на доктор од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство. Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб“, велат од МВР.

Поврзани новости