Вперил пиштол кон полициско возило кое транспортирало лице осомничено за убиство

by Fokus

Две лица од Скопје се лишени од слобода, откако вчера се обиделе да попречат транспорт на осомничено лице за убиство, откако едно од нив вперило пиштол кон полициското возило.

„На 14.09.2018 година во 11,05 часот на крстосницата од булеварот „Крсте Мисирков“ со булеварот „Гоце Делчев“,  додека полициско возило на службена задача стоело на семафор, и  со кое било транспортирани лицето Џ.Џ. (осомничен за кривично дело „убиство“) од Основниот Суд Скопје 1 кон Затвор-Скопје, до него застанало возило „Цитроен Ц3“ со скопски регистерски таблици со затемнети стакла. Лицето го отворило предниот прозорец од возилото и вперило пиштол кон полициското возило. Полициските службеници излегле од возило и ги лишиле од слобода М.Т.(25) и Д.Н. (22) и двајцата од Скопје и по целосното расчистување и документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.“

Поврзани новости