Возот Битола- Скопје вози 10 часа, а директорите во МЖ земаат плати над 70 илјади денари, обвини ВМРО

by fokus

Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70 илјади денари, без додатоци, рече порпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски како дел од аферата „Паразити“.

Тој порача дека железничкиот сообраќај е во кома, ама месечно за плати на директорите и нивните советници има и се двојат над 800.000 денари.

-Десет милиони денари годишно земаат директорите и нивните советници за работниците да немаат плата, а за линијата Битола – Скопје да се вози и да се чека воз над 10 часа, ако воопшто стигне возот! , рече Стоилковски.

Овие директори, како што истакна, ангажирале и петмина советници, платени советници, со позиција со „коефициент осум“ по списокот во Македонски железници, односно со плати над 60.000 денари.

-Македонски железници, акционерско друштво во државна сопственост, е дел од колачот за делење на менаџерски позиции и за високи директорски плати: Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари; Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари; Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари; Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари; Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари; Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари; Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, со плата околу 75.000 денари, рече Стоилковски.

Поврзани новости