727
Бомба паднала врз луѓе кои чекале во ред пред поштата во Харков, пренесува „Гардијан“. Првиот човек на Центарот за граѓански слободи објави видео на Твитер од инцидентот што се случил додека луѓето чекале да земат хуманитарна помош. Оттаму додаваат дека локацијата на снимката е потврдена.
Претходно е соопштено дека четири лица загинале во напад на руските сили на Харков, а тројца се повредени. Но, се чини дека не станува збор за овој напад од снимката.