(Вознемирувачки фотографии) Изрешетан автобус на нигериски фудбалери

by Fokus

Фудбалерите и тренерите на нигерискиот фудбалски клуб Ифеањи Убах биле нападнати од вооружени луѓе во градот Каба додека патувале со нивниот автобус за меч со Џигава голден старс.

Во инцидентот застрелан бил возачот на автобусот и ранети биле повеќе фудбалери а на социјалните мрежи се појавија фотографии од повредените играчи.

– Нашите фудбалери кои патуваа во Кејно за мечот од Нигериската премиер лига беа нападнати од вооружени напаѓачи. Благодариме на Господа, никој не загина. Меѓутоа, возачот беше застрелан, а дел од тренерскиот тим и од фудбалерите беа критично повредени. Тие се во болница – се вели во соопштението на клубот.

Поврзани новости