Возилото на Џејмс Бонд продадено за речиси три милиони фунти

by fokus

Астон Мартин ДБ 5 користен во последниот филм за Џејмс Бонд, Нема време за умирање, е продаден за 2.922.000 фунти на хуманитарна аукција.

Возилото беше продадено на аукцијата на лондонската куќа „Кристи“ под слоганот „60 години Џејмс Бонд“, а беа собрани средства за помош на ветераните на британските специјални сили и разузнавачките агенции.

Автомобилот има ЛЕД регистерски таблички, како и фарови кои испукуваат куршуми од специјално оружје и е само еден од 25-те предмети што се продаваат на аукцијата на Кристи.

Добротворниот настан резултираше со собирање на вкупно 6.103.500 фунти за 45 различни организации на кои им е потребна.

Часовникот Omega Seamaster што го носеше Даниел Крег во „No Time to Die“ продаден е за 226.800 фунти, фустанот што го носеше Ана Де Армас продаден за 37.800 фунти и кинеската маска и зимската јакна на Реми Малек продадени за 107.100 фунти.

Огромното мнозинство на аукциските предмети се продадени за суми многу повисоки од нивните проценки.

Поврзани новости