Возачот на камионот што пропадна во фонтаната на плоштад добил отказ

by fokus

Возачот на камионот кој пропадна на градскиот плоштад, непосредно пред пречекот на ракометарите од “Вардар“, вчера добил отказ во ЈП „Улици и патишта“, но откако реагирале колегите со бојкот на работата, бил вратен назад.

Работниците во изјава за телевизија Телма велат дека и до сега се соочувале со притисоци и казни. Тврдат дека возачот на камионот не направил никаква грешка, туку згрешиле вработените на обезбедувањето од Град Скопје.

Камионот превезуваше ограда за обезбедување на МВР која требаше да биде поставена за шречекот на ракометаритте.

Пред две години владата и Град Скопје платија 2,5 милиони евра на фирмата „Трансмет“ за да инсталираат т.н. сува фонтана од 100 квадратни метри на скопскиот плоштад.

Поврзани новости