Возачот на камионот на смртта се појави на судење

by Fokus

Возачот на камионот, во кој се пронајдени 39 тела, се појави пред британскиот суд во видео повик под обвинение за убиство и трговија со луѓе, јавија светските агенции.

 Морис Робинсон (25) беше уапсен во англискиот град Челмсфорд, Есекс. Тој не побара кауција и ќе остане во притвор до 25 ноември, кога случајот ќе продолжи во лондонскиот Централен кривичен суд „Олд Бејли“.

Тројца од уапсените се ослободени од притвор со кауција.

Првично, британската полиција верувала дека овие илегални имигранти се Кинези, но подоцна се утврило дека голем дел од нив се Виетнамци. Полицијата посочи дека повеќето од жртвите не носеле документи за идентификација и дека идентификацијата е направена со отпечатоци од прсти, стоматолошки статус и ДНК, како и фотографии од пријатели и роднини.

Поврзани новости