Возач удри во дрво и почина на лице место

by fokus 11:07
11:07

Жител на село Милетино почина синоќа на патот Тетов-село Радиовце откако излетал од патот и удрил во дрво, соопштија од полицијата.

„На 19.11.2018 година околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-село Радиовце, Н.И.(52) од село Милетино, управувајки патничко возило „Хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во дрво. Од здобиените повреди Н.И. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местотo извршил Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР.

- Advertisements -

Поврзани новости