Возач прегазил пешак на патот Струга-Ќафасан, по што избегал

by fokus

Пешак од Струга синоќа починал откако бил удрен од автомобил на магистралниот пат Струга-Ќафасан, информира Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 20:55 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струга-Ќафасан, патничко моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга. По незгодата, возилото го напуштило местото на настанот, а пешакот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга, каде од страна на лекар била констатирана смрт, стои во соопштението од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости