Возач и мигрант ранети во нозете откако се обиделе да им избегаат на полицајците

by fokus

Полицајци раниле две лица, возач и мигрант во обид да спречат криумчарење на крстосница од пат село Кравари – село Оптичари, кај Битола. Како што соопштуваат од МВР, полицајците од станицата Меџитлија утрово околу 6 часот се обиделе прво да запрат автомобил „порше“ со скопски регистерски таблици под сомнение дека превезува мигранти.

Но, возилото не застанало и се обидело да ги прегази полицајците, па тие испукале неколку истрели.

Набрзо возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот, кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.

Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости