Воспитувачка тепала дете во градинка, мајка го пријавила случајот во полиција

by Fokus

Мајка пријавила дека воспитувачка во градинка го тепала нејзиниот шестгодишен син, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 17.00 часот во Полициска станица Аеродром, Е.Г. (36) од Скопје пријавила дека на 05.02.2018 година околу 16.00 часот, откако го зела нејзиниот шестгодишен син од градинка  забележала дека на десниот образ има оток. Детето кажало дека неговата воспитувачка го удрила неколку пати по десниот образ. За настанот веднаш го известила директорот на градинката, кој и рекол случајот да го пријави во полиција. Е.Г. го однела синот во Здравствена установа, каде од страна на лекар и била издадена лекарска потврда за констатирани повреди во вид на оток во пределот на лицето.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости