Вордвајд воут: Македонците би го одбрале Трамп за претседател

by fokus 22:35
22:35

Кога целиот свет би гласал на престедателските избори во САД, Доналд Трамп би бил сигурен победник. Ова го покажуваат резултатите на веб страницата „Ворлдвајд воут“ кој овозможува гласање за Трамп или за Хилари Клинтон.

Сајтот автоматски ја препознава ИП адресата на корисникот и со тоа го регистрира во државата од која гласал.

- Advertisements -

Според него, републиканецот со 376 417 гласа има убедлива предност од 12 проценти пред Клинтон.

На оваа анкета дури 89 проценти од Македонците кои гласале, го одбрале Трамп за претседател.

Доналд Трамп го поддржале дури 92 проценти од Србите, додека во Црна Гора тој број изнесува 84 проценти, во БиХ 82 отсто, во Хрватска 80 отсто, во Словенија 75 проценти, а во Албанија 66 отсто од оние кои гласале.

Во повеќето земји од ЕУ контроверзниот мултимилијардер е далеку поприфалтива опција од Клинтон. Така, Трамп во Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија има над 60 проценти поддршка. Италија, Шведска и Данска, пак, ја поддржуваат Клинтон.

Според податоците на сајтот,  Трамп и кај американските гласачи има поголема поддршка од Клинтон, или 53 за Трамп, наспроти 47 проценти поддршка за Клинтон.

Поврзани новости