Вооружена престрелка во Студеничани, нема повредени

by Фокус

Во скопското село Студеничани вчера дошло до вооружена престрелка во која учествувале неколку лица од истоименото место.

Според МВР, по претходна вербална расправија, А.Ш.(28), кој од патничко возило „рено“ испукал еден проектил од пиштол кон возило „ауди“, во кое биле А.Р.(21) и Б.А.(27), а непосредно до возилото стоеле и И.И.(44) и таткото на сторителот, А.Ш.(55).

Повредени лица нема, но од проектилот скршени се двете задни странични стакла од патничкото возило „ауди“.

Поврзани новости