Вооружен напад врз синагога во германскиот град Хале

by fokus

Најмалку две лица загинаа при вооружен напад во синагога во германскиот град Хале.

Непознато лице влегло во синагогата и почнало да пука од автоматска пушка, а потоа избега. Се претпоставува дека напаѓачот се упатил во правец на Лајпциг.

Според дел од медиумите врз синагогата е фрлена и граната.

– Се случи инцидент во Хале. Според прелиминарните наоди, има и починати. Спроведуваме итна потрага. Сторителот е во бегство. Останете дома или побарајте некое друго сигурно место, објави германската полиција на Твитер.

Поврзани новости