ВМРО-ДПМНЕ: Вонредната состојба се злоупотребува, а бројот на починати и инфицирани се зголемува

by Fokus

Македонија и граѓаните ја плаќаат цената на неспособноста и корумпираноста на СДСМ и Зоран Заев. Земјата е затворена, власта ја злоупотребува вонредната состојба, а секојдневно се зголемува бројот на починати и инфицирани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ задоцни со економските мерки. Стопанството е во минус. Мерките се толку непопуларни и неприменливи што голем број на стопанственици се одлучуваат сами да го понесат товарот на кризата. Додека сите во регионот одвојуваат и до 40 пати повеќе од Македонија, за бизнисот и граѓаните, владата на СДСМ ја накачува акцизата за горивата. Наместо да дава СДСМ зема од граѓаните. Мерките во здравството не се ништо подобри. Недостасуваат елементарни средства, не се почитуваат протоколите од најодговорните и се импровизира со мерките што резултира со континуирано зголемување на бројот на заболени и починати граѓани. Медицинските лица се оставени без соодветна заштитна опрема. Немаат визири, маски, скафандери, ниту ракавици. Затоа над 17 отсто од заразените се медицински лица. Власта наместо да смислува нови начини како да им земе, нека почне да им дава на граѓаните и бизнисот. Уште денес!, порачуваат од опозицијата.

Поврзани новости