Вонредна седница на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид: Над 200 членови и функционери свикани во СЈО

by fokus 23:21
23:21

На распит во СЈО, само од Охрид повикани се повеќе од 200 членови и фунционери на ВМРО-ДПМНЕ, потврди за „OhridNews” претседателот на Општинскиот комитет на партијата.

Тие се повикани на разговор, како дел од предистражна постапка што ја отвори СЈО, за финансирањето на изборите во 2014 година.

Под лупа на истражување се вработени во СВР Охрид, актуелни и поранешни директори на државни институции и служби, здравствени организации, јавни претпријатија и истакнати членови на партијата.

Поради ова, вечерва заседава општинскиот комитет на партијата, а за истрагата на СЈО рекоа дека ќе се изјаснат утре.

Инаку, истрагата на СЈО е почната врз основа на досега необјавени разговори, во кои партиски функционери во детали објаснувале како и каде да се уплатат парите, и на чии имиња да гласат донаторските уплатници во банка.

Поврзани новости