Вонреден репертоар во „Стариот театар“

by lali

Поради временските услови, читајте – честите поплави во новиот „Стар театар“ менаџментот на оваа културна институција малку го видоизмени репертоарот. Па така, од денеска ќе ги следите претставите:

„Кралот Вир“

„Ромео и Галија“

„Прскајќи го Годо“

„ММЕ кој прв мочна“

„Наводенет пратеник“

„Кандит во земјата на влагата“

„Вујко Бања“

„Барите се отепувачка“

„Влажна куќа“

„Сом на летната ноќ“

„Пијавица во уво“

„Давеникот од Дебар маало“

Во подготовки е и продолжението на познатата „Баханалии“, адаптирана за новите услови со наслов „Фекалии“! A како што дознаваме нов директор на театарот, наместо Дејан Лилиќ е познатата режисерка Наташа Поплавска.

Поврзани новости