Вонпарламентарните партии ја поздравија работата на СЈО

by Фокус 11:17
11:17

Дел од вонпарламентарните партии ја поздравија работата на Специјалното јавно обвинителство, кое побара притвор за поранешни и сегашни јавни функционери поради изборен криминал.

„Сузбивањето на криминалот и корупцијата, владеењето на правото и независноста на судството се едни од главните приоритети кои што треба да профункционираат за да може РМ кон демократскиот развој и евро-атланските перспективи. Токму поради тоа потребен е силен импулс да се врати довербата во правдата и правната држава“, велат од Алијансата за позитивна Македонија.

- Advertisements -

И од Националната демократска преродба соопштија дека владеењето на правото и јакнењето ан институциите се клучни за развојот на земјата кон евроатлантските структури.

„Владеењето на правото ќе стигне кај секој поединец или групација што се осмелил да ги повреди и ослаби на максимум институциите на државата. Институциите на земјата со повредени толку длабоко од страна на деструктивните сили за еден подолг период, што се бара огромна работа од страна на сите прогресивни сили во земјата за да доведе до балансирање во враќање на владеењето на правото“, сметаат од НДП.

Поврзани новости