Волци напаѓаат во Средно и Горно Нерези

by fokus

Општината апелира до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат ноќни прошетки по Водно, поради како што велат, појавата на волци кои во Општина Карпош од планината Водно да се спуштаат и ги напаѓаат домашните животни меѓу жителите.

“Во населбата Средно Нерезе вчера вечер се појавиле опасни волци кои “влегле во дворови на жителите пришто е убиено едно домашно куче-загар, а во соседниот двор е изедено едно домашно животно-коза. Жителите на Нерези забележале голем црн волк кој ги нападнал и куќите од горно Нерези и предизвикал паника меѓу животните и жителите на овие населби”, предупредува Општина Карпош.

Во ова подрачје на Водно е забранет лов за кој е потребна посебна дозвола што ја издава Министерството за земјоделство и шумарство.

Поврзани новости