Војниците го прекинаа штрајкот со глад, но остануваат пред Собранието

by Фокус

По девет дена штрајк со глад, отпуштените професионални војници Марјанчо Гурбански и Гоце Ѓорѓиев одлучија да го прекинат, но ќе останат во шаторите пред Собранието. Велат дека таму ќе останат додека не бидат вратени на работа.

Тие како и стотина нивни колеги останаа без работа откако  не беа опфатени со измените во Законот донесен за враќање на отпуштените професионални војници на работа, кој предвидуваше враќање на работа само на оние кои на 31 декември 2013та година имале статус на невработено лице. Професионалните војници бараат оваа неправда да биде исправена и затоа поднесоа иницијатива оваа ставка да биде избришана од законот.

Поврзани новости