Воените вежби во Егејско Море можна причина за зголемениот број мртви делфини

by fokus

Грчкиот Институт за морска заштита „Архипелаг“ соопшти дека драстично е зголемен бројот на мртви делфини пронајдени на грчкото крајбрежје во изминатите седмици, а како можна причина за тоа најверојатно се воените вежби на турската морнарица.

Од Институтот, за грчкиот весник „Катимерини“ објаснуваат дека во последните неколку седмици пронашле 13 мртви делфини, од кои шест на крајбрежјето на островот Самос што се наоѓа во близина на Турција.

– Станува збор се делфини кои немаат знаци на намерно убивање или некоја сериозна болест. Во повеќето случаи се млади животни и ништо не ја оправдува нивната предвремена смрт, изјави за „Катимерини“, директорката за истражување од Институтот, Анастасија Милу.

Од „Архипелаг“ објаснуваат дека големиот број воени бродови од различни земји во Егејско Море, во комбинација со порастот на туризмот и прекумерниот риболов, предизвикува голем притисок врз морски екосистеми, а особено врз цицачите.

– Зголемениот број на исфрлени делфини, временски се совпаѓа со опширните вежби на турската воена морнарица одржани изминатиот период во Егејско Море. Додека пак пронајдени мртви цицачи, упатуваат на нивно пренесување од областите каде што беа вежбите. Според тоа, иако е потребно време да се направат потребните анализи за да се утврди можната поврзаност на смртта на делфините со турскиот вежби, не може да се игнорира овој невиден притисок врз морските екосистеми, изјави за „Катимерини“ директорот на „Архипелаг“, Тодорис Цибидис.

Поврзани новости