Воени кучиња задавиле офицер во Австрија

by fokus

Службени кучиња на австриската војска синоќа го убиле одговорниот за нив во касарната во Винернојштад, близу Виена.

– Белгиски овчари, во сопственост на армијата, го нападнале 31-годишнот офицер и го усмртиле, соопшти полицијата.

Офицерот синоќа бил задолжен за чување и хранење на кучињата. Тој бил пронајден мртов при контрола на објектот каде што биле сместени службените кучиња.

Поврзани новости