Сите починати лица се идентификувани, а завршена е обдукцијата на сите починати 59 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Повредени се 196 лица, од кои 20 деца. Во моментот 93 повредени се на лекување во скопските болници, а 80 во странство и тоа Србија, Бугарија, Австрија, Хрватска, Турција, Грција, Унгарија и Бугарија – рече Тошковски.
Досега приведени се 18 лица, а задржани се 16 лица од кои што последното задржано лице се товари за тешки дела против општата сигурност, истото е потписник на основен проект за издавање на кабаре-клуб, еден од документите за да биде ставен во функција кабаре – клуб.
Постојат основи дека незаконито, паушално, без утврдување на фактичка состојба биле изготвувани документи за работа на кабарето.