(ВО ЖИВО) Пресуда за „Насилство во Општина Центар“

by Fokus 12:08
12:08

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе да биде изречена пресудата за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за случајот „Насилство во Центар“.

Во овој случај обвинет е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

- Advertising -

Пресуда за ,,Насилство во општина Центар”

Publiée par MИА.mk sur Mardi 29 septembre 2020

Обвинетите во „Насилство во Центар“, се товарат за поттикнување насилство за време на протестите пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршниот збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги, за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.

Поврзани новости