ВО ЖИВО: Почна изрекувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

by Fokus

Во Основниот кривичен суд Скопје почна изрекувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

Во судница се присутни поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата, кои според обвинителниот акт, се обвинети за незаконско прислушување преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година.

Мијалков во судот беше спроведен од домашен притвор што му беше одреден како мерка на претпазливост, а од затвор каде издржува казна за случајот „Тенк“ беше донесена Гордана Јанкулоска.

Во овој предмет обвинети се и поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, и им се суди во отсуство.

Претседател на судечкиот совет е судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Поврзани новости