Во вторник протест и ноќевање пред Уставниот суд

by Фокус

Нов протест утре во 18 часот пред Уставниот суд организира платформата за граѓанска политика АЈДЕ, кој треба да започне како протестен марш, кој ќе помине покрај народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов и Собранието, и ќе заврши пред Уставниот суд со голем народен протест.

Според програмата, вечерта пред Уставниот суд ќе се одржи бдеење над Уставот, а в среда ќе ги пречекаат уставните судии кои на седница треба да одлучуваат за иницијативата, да се прогласат за неуставни дел од одредбите на Законот за помилување.

– Се она што се случуваше во изминатиот период беше увертира на она што треба да биде кулминација во среда, односно да се прогласи Законот за помилување за неуставен и тоа поради неговите одредби коишто предвидуваат дека одредени кривични дела не можат да бидат помилувани од страна на претседателот. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во вторник за да го изразиме својот револт за криминалот и за она што се сака да се случи во Македонија, да се урне целосно правната држава и правдата – изјави претседателката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.

Поврзани новости