Во вторник Македонија и Германија ќе потпишат декларација за признавање на возачките

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва објави дека во вторник министерствата на Македонија и Германија ќе потпишат декларација за признавање на возачките дозволи.

-Во вторник ќе биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, објави Спасовски.

Поврзани новости