Во вториот изборен круг ќе гласаат 833 илјади граѓани на над 1.500 места

by Фокус

Вториот круг од локалните избори во Македонија ќе се спроведува на 1.517 избирачки места во 35 општини, каде право на глас имаат 833.710 граѓани.

Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои ќе гласаат на 387 избирачки места.

Во останатите 29 општини во Македонија, во вториот круг ќе гласаат 573.616 граѓани на 1.130 избирачки места.

Поврзани новости